Нурнете во светот полн со мали чуда, со извонредните играчки на белгискиот бренд Lilliputiens. Нудејќи многу изненадувачки авантури и чисто задоволство, неодоливите колекции на Lilliputiens ги воодушевуваат срцата и на децата и на возрасните! Тие се шарени и едукативни и им помагаат на децата да научат да го откриваат светот околу нив. Тоа значи дека детето со овие развојни играчки секогаш може да открие нешто ново и да ужива во нив долго време.
Меките и дрвените играчки, книгите, училишните чанти и играчките за капење, се полни со фантазија и се создадени да ги забавуваат и поддржат најмалите во нивниот развој. Интелигентните активности и неочекуваните детали, го стимулираат нивниот ум, додека боите, формите, звуците и текстурите ги привлекуваат сетилата на детето и ја скокоткаат неговата фантазија.
Заедничкото откривање на шарениот и стимулирачки свет на Lilliputiens е драгоцен момент помеѓу детето и родителот, кој создава спомени кои ќе останат врежани во текот на целиот живот.
Секогаш инспириран од родителите, бабите и дедовците и секако од децата, креативниот тим на мајки дизајнира играчки со имагинација и интегритет. Безбедноста, корпоративната општествена одговорност и најмалото можно влијание врз околината, се од суштинско значење во овој поглед. Затоа, овие развојни играчки се добри не само за нашите деца, туку и за идните генерации и за утрешниот свет.
За нивна изработка се користат само врвни материјали и се посветува исклучително внимание на квалитетот. Како резултат на тоа, овие играчки ќе останат убави долго време и ќе можат да се пренесат на браќата, сестрите или на следната генерација.
Тестирање додека не бидат 100% безбедни
ИграчкитеLilliputiens се тестираат според највисоките безбедносни стандарди. Материјалите што се користат се внимателно избрани, постојано се преоценуваат и се подложени на најстроги тестови (EN71, AZO, кадмиум, фталати итн.). Сите обоени и печатени ткаенини доаѓаат со AZO FREE сертификат. Овој сертификат гарантира дека сите бои што се користат се нетоксични. Боите на дрвените играчки се на база на вода, а дрвото, се разбира, е одобрено од FSC. Секоја играчка е опширно тестирана од акредитирани надворешни лаборатории и ги исполнува најстрогите стандарди. Дури и најмалите играчки поминуваат безброј тестови!