Оваа мултифункционална мека играчка, од колекцијата со Црвенкапа на белгиската марка Lilliputiens, е совршена прва играчка за бебиња. Има форма на сладок волк со тело во облик на мек обрач, шепи со функција на рачки и нозе од ленти со функционални стапала: едното е тропалка, другото е силиконска глодалка заби со испакнатини. Во неговата глава се вградени шушкави материјали, а на едната од неговите шепи стои чантата на Црвенкапа со вградена пискалка.
Испакнатите уши на Луис го стимулираат чувство за допир кај бебињата. Елементите на играчката се изработени од ткаенини со различни текстури, а може да се закачи насекаде со помош на врвките што се наоѓаат на главата: за кревет, количка, носач за бебиња или седиште во автомобил, со што патувањето ќе биде попријатно за вашето бебе. Играчката е цврсто сошиена и целосно безбедена.
Помага во развојот на фината моторика (фаќање, тресење, триење), го активира сетилото за слух (шушкање, штракање) и допир.
Совршено за подарок.
Одржување: се пере во машина на температура до 30°C на нежен циклус.
За колекцијата:
Волкот Луис е дел од колекцијата со Црвенкапа и Трите прасиња на Lilliputiens. Toj има големи очи, големи уши и остри заби, но нема намера никого да повреди. Ве чека да смислите многу нови и забавни авантури за него.