Пребарување
Македонски
Сите категории
    Menu Close

    Играчка со активности - Џо змејот

    Бренд: Lilliputiens
    Шифра: 5414834835205
    Достапност: На залиха
    ден 1.430,00
    i h
    Датум на испорака: 1-3 работни дена

    Мултифункционалната играчка за гушкање од колекцијата змејот Џо на белгискиот бренд Lilliputiens е совршена прва играчка за бебиња. Има форма на мултифункционален змеј и е наменета да ја носите со вас на пократко или подолго патување. Задниот дел од телото на Џо шушка при триење, главата му штрака, на едната шепа има пчела што шушка, на другата ѕвезда со топчиња а на стомакот има меко огледало. Чувството за допир е поттикнато и од многу други елементи: крилја, грива, рог на носот, филц јазик и големи уши. Приврзокот може да се закачи  со помош на врвките на задната страна ,на пример, за кревет, количка, носилка за бебиња или седиште во автомобил, што ќе го направи патувањето попријатно за вашето бебе. Цврсто е изработен и потполно безбеден. Придонесува да се развива фината моторика (фаќање, тресење, триење), ги активира сетилата за слух (шушкање, штракање), вид (огледало) и допир.

    Состав: Полиестер, памук

    Димензии: 20 x 7 x 24 cm

    Одржување: Машинско перење на 30°C - Нежен циклус

    Спецификации на производот
    Возраст 3м +
    Материјал Полиестер, Памук
    Димензии 20 x 7 x 24 cm
    0.0 0
    Напишете сопствен осврт Close
    • Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари
    *
    *
    • Лош
    • Одлично
    *
    *
    *