Пребарување
Македонски
Сите категории
    Menu Close

    Политика за приватност

    Политика за приватност на веб страницата на www.storybox.mk

    1. Со оваа Политика за приватност на интернет страницата на www.storybox.mk се уредуваат начините на кои се собираат, одржуваат и откриваат податоците собрани од посетителите на веб страницата www.storybox.mk (во понатамошниот текст: Веб страница).

    2. Оваа Политика за приватност се однесува исклучиво на корисниците на Веб страницата. Доколку на Веб страницата е содржан линк кој ќе Ве поврзе со други веб страници, ние не преземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие интернет страни.

    3. Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку Е-commerce терминал од Стопанска Банка АД Скопје и во целост ќе биде процесирана од страна на овластено друштво за процесирање на онлајн плаќање. 

    4. Посетата на нашата Веб страница e анонимна. Ние ги собираме личните идентификациски информации од посетителите само доколку тие самите се согласат да ги достават таквите податоци до нас преку пополнување на формуларот за регистрација за купување од нашата интернет продавница.

    5. Со користење на нашата Веб страница, Вие се согласувате со одредбите од оваа Политика за приватност на личните податоци на страницата. Доколку не се согласувате со оваа Политика, Ве молиме да не ја користите нашата страница.

    6. Доколку се регистрирате за онлајн купување, сите лични податоци кои ќе ги внесете преку формата за регистрација, ќе се користат исклучиво за потребите на процесирање на Вашата нарачка.

    8. При вршење на регистрација, од Вас ќе бидат побарани следниве податоци:

    -  име и презиме

    - e-mail адреса (адреса за е-пошта)

    -  адреса за испорака на нарачката и адреса за доставување на фактура по ваше барање

    - телефон за контакт

    9. Податоците кои ги собираме се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Македонија.

    10. Вашите лични податоци нема да бидат продавани, разменувани, изнајмувани или споделувани со други физички или правни лица, органи на државна власт или други тела, освен во случаи утврдени со закон. 

    11. Нашата Веб страница ги презема сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага, заради спречување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална нивна злоупотреба.

    12. Нашата Веб страница може да користи колачиња („Cookies“) за да се подобри корисничкото искуство. „Cookies“ се мали датотеки кои се внесуваат на компјутерот на посетителот од страна на веб серверот. Сите информации кои се меморираат во рамките на „Cookies“ можат да бидат искористени само за потребите на веб услугата и тоа на начин на кој Вашата приватност нема да биде загрозена. Секој посетител ја има можноста да избере и да го подеси својот пребарувач на интернет да ги одбие колачињата или да јави предупредување секогаш кога ќе се пратат колачиња. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од страницата може да не функционираат како што е предвидено.

    13. Доколку сте регистрирани на нашата Веб страница, врз основа на Ваше писмено барање Вие имате право да бидете информирани кои лични податоци се обработуваат за Вас и кои се целите и правната основа на обработката на личните податоци, да пристапите до Вашите лични податоци и да ги дополните, измените, избришете или да побарате запирање на нивната понатамошна обработка.

    14. Нашата Веб страница го задржува правото во секое време да jа измени или дополни оваа Политика за приватност, за што ќе биде поставено видливо известување на Веб страницата.

    15. Доколку сакате Вашите податоци да бидат корегирани или избришани, можете да нè контактирате на следната електронска адреса: info@storybox.mk