Пребарување
Македонски
Сите категории
    Menu Close

    Интерактивна подлога за играње и вреќа за спиење СРНАТА СТЕЛА - Lilliputiens

    Бренд: Lilliputiens
    За возраст од 0м+ │ Големина 140 x 185 cm ● Прекрасно илустрирана мека простирка, којашто обезбедува безбедна и удобна површина за играње за бебињата, помагајќи им да ја развијат нивната љубопитност, креативност и имагинација ● Таа е оригинален, нежен и мултифункционален извор на забава и учење за љубопитните бебиња, како и место за удобен одмор и слатка дремка
    Шифра: 5414834834628
    Достапност: На залиха
    ден 6.190,00
    i h
    Бесплатна испорака
    Датум на испорака: 1-3 работни дена

    Оваа подлога со активности и вреќа за спиење 2-во-1 од колекцијата СРНАТА СТЕЛА на белгиската марка Lilliputiens е оригинален, нежен и мултифункционален извор на забава и учење за љубопитните бебиња, како и место за удобен одмор.

    Меката и пријатна вреќа за спиење со цветни украси, има оптимални димензии од 140 на 85 см, служи и како удобна подлога, која нуди многу различни активности, вклучувајќи: безбедно флексибилно огледало, цвет, шушкави додатоци, извезени елементи, испакнати лепенки, скриена гасеница под јаболкото, шарени панделки, џебови во различни форми со отстранливи животни (пчела, зајаче) и други. Покрај тоа, некои апликации се флуоресцентни и светат ноќе. Комплетот вклучува и мека тропалка срната Стела.

    Благодарение на двете рачки, простирката може лесно да се здипли и носи. Таа е цврсто изработена и сосема безбедна. Нејзината содржина изненадува и ја поттикнува детската фантазија.

    Помага во развоот на координацијата и фините моторни вештини (фаќање, тресење, лизгање, влечење, извлекување, вметнување), го активира сетилото за слух (шушкање, штракање), видот и допирот.

    Одржување: може да се пере во машина на 30°C.

    Материјал: полиестер и памук

    ВИДЕО

    0.0 0
    Напишете сопствен осврт Close
    • Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари
    *
    *
    • Лош
    • Одлично
    *
    *
    *