Пребарување
Македонски
Сите категории
    Menu Close

    Тространа аголна кујна - Janod

    Бренд: Janod
    На залиха од 10 октомври 2022 г.
    Шифра: 3700217365462
    Достапност: На залиха
    ден 7.390,00
    i h
    Бесплатна испорака
    Датум на испорака: 1-3 работни дена

    Еве една генијална и крајно оригинална детска кујна! Им овозможува на децата да замислат дека се готвачи и да ги искористат предностите на просторот за играње, не од едната туку од три страни. Нејзината уникатна триаголна форма, ја прави оваа кујна прилагодлива играчка што овозможува сеопфатно искуство во играта.

    На главната страна, има сè што e потребно за подготвка на вкусни оброци за семејството и за пријателите: рингла, мијалник со чешма и рерна со механички копчиња што се вртат, за да се избере вистинската температура. Има и машина за перење, за секогаш да имате чисти крпи и да уживате во реалистичната игра! А што може да биде подобро од тоа да се има убав поглед од кујната? Со оваа триаголна кујна, тоа е можно! Двата големи отвори, како прозорци, ви овозможуваат да комуницирате со вашите пријатели додека играте! Еден од отворите е убаво украсен со светли завеси. На другите страни има шкафчиња за чување на петте метални елементи кујнски прибор (комплетот вклучува: метална длабока тава, шпатула, лажица за тестенини, цедалка и лажичка).

    Ретро стилот на оваа детска кујна се одликува со прекрасна сина боја и бели и окер дезени! Природниот тон на дрвото, исто така е присутен, за да ја омекне целината. Практично, кога ќе заврши времето за играње, кујната може да се чува во агол за да зазема што е можно помалку простор во нашите домови!

    Димензии: 52 x 28 x 90,5 cm. Висина на работната плоча: 51,3 cm

    ВИДЕО

    0.0 0
    Напишете сопствен осврт Close
    • Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари
    *
    *
    • Лош
    • Одлично
    *
    *
    *