Пребарување
Македонски
Сите категории
    Menu Close

    Сложувалки со дршки

    Овие сложувалки со дршки се изработени со многу внимание и љубов кон децата. Тие го поттикнуваат развојот на многу вештини:

    Дршката на секое парче од сложувалката го поттикнува развојот на рефлексот за фаќање и фината моторика. Тоа е важна основа за правилното држење на молив и други средства за пишување во предучилишната возраст.

    Детето стекнува знаења за различни области на светот околу себе: бои, форми, бројки, букви, домашни и диви животни, транспортни средства.

    Барањето и поставувањето на конкретната форма на правилното место, го учи детето како да наоѓа решенија и да решава проблеми.

    Неопходноста од истовремено дејство на очите и на рацете ја усовршува координацијата помеѓу нив и ја подобрува концентрацијата на детето.

    Филтри Close