Сите игри и сложувалки произведени од Orchard Toys се дизајнирани имајќи ja предвид нивната едукативна страна, работејќи заедно со наставници, градинки, родители и со самите деца, за да се обезбеди совршена рамнотежа помеѓу образовните придобивки и вредноста на играњето. Фокусот е ставен на голем број клучни вештини, почнувајќи од основните когнитивни и моторички вештини, па се до поспецифични цели како што се социјалните вештини, писменоста и математиката.
Додека играат со производите на Orchard Toys, децата дури и не забележуваат дека учат и што е најважно... се ЗАБАВУВААТ!
Квалитет
Сите картички и делови за играње се цврсти и лесни за чистење, што значи дека ќе го издржат тестот на времето и покрај постојаното играње, носење и извалкани рачиња! Таа добитна комбинација на образовна вредност при играта и физичката издржливост е тоа што ги прави овие производи долготрајни!
Направете доволно врева за да ги разбудите сите ваши успани мрзливци ● Забавна игра во којашто децата прават звуци и имитираат, додека ја вежбаат вештата за слушање ● Одлична за запознавање на малите деца со играњето игри ● Совршена за деца на возраст од 2 години +