Пребарување
Македонски
Сите категории
    Menu Close

    Мемо игра со БУБАМАРИ - Janod

    Бренд: Janod
    За возраст од 2 години и понатаму │ Одлична забава за целото семејство ● Помага во развојот вниманието и концентрацијата и логичкото размислување ● Препознавање бои, стратешко размислување и планирање
    Шифра: 3700217350796
    Достапност: На залиха
    ден 1.240,00
    i h
    Бесплатна испорака
    Датум на испорака: 1-3 работни дена

    Оваа мемориска игра од француската марка JANOD е одлична забава за двајца или повеќе луѓе - и за деца и за возрасни. Комплетот содржи 8 шарени дрвени бубамари и 8 дрвени жетони кои одговараат на нивните бои, 1 картонска кутија со изглед на саксија, 2 прегради за грмушки, 4 потпори, 10 картонски листови и торбичка за сите мали елементи.

    Може да се игра на неколку начини. Можете да скриете една или повеќе бубамари под саксијата за цвеќиња и да побарате од детето да го пронајде инсектот што недостасува, на тој начин стимулирајќи го развојот на меморијата. Второто ниво вклучува поттикнување на децата да набљудуваат логичен редослед на обоени бубамари, пред да ги сокриете зад картонската грмушка: вашето дете потоа ќе треба да ја повтори низата бои користејќи, ги жетоните. Како и да одлучи да игра, детето ќе освои „трофеј“ во вид на листови, коишто ќе ужива да ги собира додека напредува во играта!

    Лист со ПРАВИЛА ЗА ИГРАТА

    Големина на кутијата: 23 x 10,5 x 14 cm

    Оваа игра е дел од едукативната линија на Janod, развиена во соработка со образовни работници и експерти, со цел да се обезбеди најдобро можно вклопување во учењето и наставната програма на секое ниво.

    0.0 0
    Напишете сопствен осврт Close
    • Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари
    *
    *
    • Лош
    • Одлично
    *
    *
    *