Пребарување
Македонски
Сите категории
    Menu Close

    Едукативна игра со ориентација во простор - МАЧКА и ГЛУВЧЕ - Janod

    Бренд: Janod
    Идеална едукативна игра за деца на претшколска возраст, соодветна и за активности во градинка ● 3 нивоа на тежина за постепено подобрување на просторна свест ● Децата на возраст од 3 години и понатаму, можат да играат сами или со возрасен
    Шифра: 3700217350789
    Достапност: На залиха
    ден 1.360,00
    ден 1.224,00
    i h
    Бесплатна испорака
    Датум на испорака: 1-3 работни дена

    Време е за урнебесна брканица помеѓу мачката и глувчињата! Три дрвени глувчиња (секое во различна боја), сирење и мачка (симболизирана од кутијата) се дел од оваа кооперативна игра за деца на возраст од 3 години и понатаму. Децата ќе имаат за цел да ги пресликаат сцените претставени на дванаесетте двострани картички, користејќи го и поврзаниот вокабулар: лево/десно, напред/назад итн. Исто така, преку оваа игра тие ќе ги развијат и своите вештини за набљудување. Трите нивоа на тежина се претставени со бојата на картите. Децата ќе можат постепено да преминат од поставување на 2 елементи па до 6 елементи. Оваа игра може да се користи поединечно, или заедно со возрасен, при што возрасниот ќе ја опише сцената во градината што детето ќе се обиде да ја репродуцира, додека ги развива своите вештини за разбирање на усното објаснување.

    Исто така, оваа дрвена едукативна игра изгледа многу убаво, така што децата ќе сакаат да ги откриваат и да ги преместуваат овие прекрасни мали глувчиња и нивното сирење, додека си играат криенка со мачката!

    Летокот со упатства ќе ви помогне максимално да ја искористите оваа игра наменета за најмалите. Таа е дел од образовната линија на Janod, развиенa во соработка со наставници, со цел најдобро да се преслика процесот на учење и да се постигне напредок на повеќе нивоа.

    Димензии: 10 x 10 x 14 cm

    0.0 0
    Напишете сопствен осврт Close
    • Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари
    *
    *
    • Лош
    • Одлично
    *
    *
    *