Оваа прекрасна дрвена едукативна игра, ќе го поттикне учењето дома и во детските градинки на забавен начин! Таа ќе им помогне на малите да ги разберат просторните ориентациски точки и да го збогатат својот речник! Ајде да појдеме на прошетка во градината, заедно со осумте дрвени суштества и природни елементи: полжав, бубамара, дрво, гасеница итн. Децата на возраст од 3 години и понатаму, ќе имаат за цел да ги пресликаат сцените претставени на дванаесетте двострани картички, користејќи го и поврзаниот вокабулар: лево/десно, напред/назад итн. Исто така, преку оваа игра тие ќе ги развијат и своите вештини за набљудување.
Трите нивоа на тежина се претставени со бојата на картите. Децата ќе можат постепено да преминат од поставување на 2 елементи па до 5 елементи. Оваа игра може да се користи поединечно, или заедно со возрасен, при што возрасниот ќе ја опише сцената во градината што детето ќе се обиде да ја репродуцира
Обоените точки лоцирани и на дрвената основа и на картичките на моделот, ќе им помогнат на најмалите да се снаоѓаат во просторот.
Исто така, оваа дрвена едукативна игра изгледа многу убаво, така што децата ќе сакаат да ги откриваат и да ракуваат со овие прекрасни мали животни, растенија и ултра-шарени градинарски предмети!
Летокот со упатства ќе ви помогне максимално да ја искористите оваа игра наменета за најмалите. Таа е дел од образовната линија на Janod, развиенa во соработка со наставници, со цел најдобро да се преслика процесот на учење и да се постигне напредок на повеќе нивоа.
Димензии: 22 x 7,7 x 1,2 cm