Пребарување
Македонски
Сите категории
    Menu Close

    Сет за шминкање BEAUTY LUXE – Souza

    Бренд: Souza
    Препорачана возраст: 4+ години
    Шифра: 8720955283670
    Достапност: На залиха
    ден 1.390,00
    i h
    Бесплатна испорака
    Датум на испорака: 1 ДО 3 РАБОТНИ ДЕНА ВО СКОПЈЕ ● 2 ДО 4 РАБОТНИ ДЕНА НИЗ МАКЕДОНИЈА ● ПРИ ПОСТАПКАТА НА НАРАЧУВАЊЕ МОЖЕ ДА ИЗБЕРЕТЕ ОПЦИЈА ЗА НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: СО КАРТИЧКА ИЛИ ВО ГОТОВО ПРИ ДОСТАВАТА НА НАРАЧКАТА

    Со Beauty Luxe сетот од холандскиот бренд Souza!, малите љубителки на убавината можат да го откријат светот на шминкањето преку креативна и забавна игра. Сетот нуди разновидни бои и козметички додатоци со кои децата можат да експериментираат, да создаваат различни изгледи и да ја изразат својата фантазија.

    Пакетот содржи:

    • 12 сенки за очи во три палети со по 4 бои

    • 1 руменило за образи

    • 2 сјаја за усни во розова и црвена нијанса

    • 3 лака за нокти – кајсија, сина и златна боја со светкав ефект

    • 1 лист со налепници за нокти

    • 3 четкички за шминкање

    Лаковите за нокти се на водена основа и се отстрануваат со лупење, додека сенките и сјаевите за усни лесно се отстрануваат со топла вода и сапун. Козметиката е дерматолошки тестирана, веганска и не е тестирана на животни.

    Совршен е за игра со другарките, забави, родендени или како подарок за сите мали љубителки на шминкањето!

    Карактеристики:

    • Димензии на надворешното пакување: 55,2 × 32,5 × 21,2 cm

    • Тежина: 0,271 kg

       

    Влезете во волшебниот и колоритен свет на Souza, марка којашто е  синоним за фантазија и елеганција за малите авантуристи и сонувачи. Овде, секој костим, додаток или производ за разубавување, е отворена врата кон светот во којшто владее имагинацијата! Со своите ултра стилски производи, Souza го трансформира секој момент во магична авантура. Од нежните наметки и раскошните фустани па до волшебните додатоци, секое парче е комбинација на креативност и сјај. Без разлика дали се за роденден или само за забава, сите костими на Souza се внимателно дизајнирани и ве покануваат на патување во фантастичните светови на принцезите, змејовите, витезите, пиратите, диносаурусите... Костимите се дизајнирани да бидат удобни колку што се модерни и совршено се прилагодуваат на различни возрасти и големини.

    0.0 0
    Напишете сопствен осврт Close
    • Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари
    *
    *
    • Лош
    • Одлично
    *
    *
    *