Пребарување
Македонски
Сите категории
    Menu Close

    Мултифункционална дрвена коцка со активности ГРАДИНА - Sweet Cocoon - Janod

    Бренд: Janod
    За возраст од 18 месеци и понатаму │ Многу активности на дофат на раката! Оваа играчка за рано учење е дизајнирана да ги стимулира слухот, видот, допирот и фините моторни вештини, притоа обезбедувајќи многучасовна игра исполнета со откритија! ● Повеќе од 10 забавни активности кои помагаат во развојот на малите деца ● Помага во развојот на координацијата и фините моторни вештини ● Ги подобрува осетливоста, меморијата и логичното размислување, а исто така помага да се забележат причинско-последичните врски
    Шифра: 3700217340605
    Достапност: На залиха
    ден 4.890,00
    ден 4.401,00
    i h
    Бесплатна испорака
    Датум на испорака: 1-3 работни дена

    Оваа голема, дрвена мултифункционална едукативна коцка на тема ГРАДИНА од серијата Sweet Cocoon на француската марка JANOD, е идеална играчка за деца на возраст од 18 месеци и понатаму. Има безбедна форма со заоблени рабови и воодушевува со својата естетска изработка и прекрасните бои. Елементите на нејзините 4 страни создаваат шармантен микро-свет, во кој има две јамки со топки и инсекти за движење, огледало, 4 запченици - цвеќиња и бубамара, гасеница со 4 ротирачки елементи, лавиринт од дрво со 6 елементи за да се преместат на вистинското место, ротирачко тркало со изглед на школка на полжавот, со топчиња што штракаат, дабов лист од филц под кој се крие уште едно огледало, сортирач со форми.

    Најсмешното изненадување останува да го открие бебето: немирен пајак кој ја плетел својата мрежа преку сортирачот на форми! За да ги извади парчињата што паднале во коцката, вашето дете ќе мора да ја помине раката низ платнената мрежа. Но, тоа не е сè, овој забавен инсект е магнетен и затоа се држи за својата мрежа! Нашиот пријател пајак кој лесно се фаќа и манипулира, исто така, може да ротира на подот, за да го изненади и забавува целото семејство (особено бебето, кое сигурно ќе се смее гласно)!

    Димензии на производот: 36,4 x 33,8 x 48 cm

     

    ВИДЕО

     

    ● ● ● 

    Оваа играчка е дел од колекцијата Sweet Cocoon, префинети играчки со бои инспирирани од тековните трендови и коишто нежно го поттикнуваат раниот детски развој.

    0.0 0
    Напишете сопствен осврт Close
    • Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари
    *
    *
    • Лош
    • Одлично
    *
    *
    *