Пребарување
Македонски
Сите категории
    Menu Close

    Мултифункционална дрвена масичка со активности ГРАДИНА - Sweet Cocoon (со прилагодлива висина) - Janod

    Бренд: Janod
    Шифра: 3700217340452
    Достапност: На залиха
    ден 4.340,00
    i h
    Бесплатна испорака
    Датум на испорака: 1-3 работни дена

    Оваа дрвена, мултифункционална, едукативна масичка од серијата Sweet Cocoon на француската марка JANOD е идеална играчка за деца на возраст од 1 година и понатаму. Има безбедна тркалезна форма и четири широко распоредени, стабилни ногарки кои можат да се прицврстат на два начина - пониско (на висина од 14 см), или повисоко (на висина од 22,5 см) – соодветно на висината на бебето.

    Масичката воодушевува со естетиката, убавата изработка и со прекрасните бои. Елементите на масичката создаваат шармантен микросвет, во кој има патека за 2 патки со тркала (коишто се дел од комплетот), јамка со 6 топки за лизгање, дрвена ветерница на метален држач, 3 запченици - маргаритки, две печурки - едната со звук, а другата се гради од 3 дела, 5 блокчиња во различни форми – за да се вметнат во соодветните дупки (функција на сортирање), 6 дрвја - со крошни од филц за вадење и вметнување и безбедно огледало во форма на цвет.

    Оваа играчка помага во развојот на моторичките способности координацијата, ги вежба меморијата и логичкото размислување, им помага на малите деца да научат да разликуваат бои и форми, па дури и да забележува причинско-последични односи.

    0.0 0
    Напишете сопствен осврт Close
    • Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари
    *
    *
    • Лош
    • Одлично
    *
    *
    *