Пребарување
Македонски
Сите категории
    Menu Close

    Janod Кутија со едукативни и развојни играчки за возраст од 36 месеци

    Бренд: Janod
    За возраст од 3 години и понатаму │ Помага во развојот вниманието и концентрацијата, моторичките вештини и координацијата ● Го стимулира развојот на размислувањето, планирањето и способноста за наоѓање решенија ● Дизајнирана е во соработка со специјалисти за развој и образование
    Шифра: 3700217340667
    Достапност: На залиха
    ден 3.090,00
    ден 2.781,00
    i h
    Бесплатна испорака
    Датум на испорака: 1-3 работни дена

    Оваа кутија со едукативни и развојни играчки, од француската марка JANOD, е наменета за деца на возраст од 3 години и понатаму. На оваа возраст, детето постепено ги развива своите когнитивни функции и социјални способности. Затоа, оваа кутија со играчки кои го следат темпото на развој на децата, е осмислена и направена во соработка со експерти од различни области. Како резултат на тоа, овие издржливи дрвени играчки го стимулираат развојот на видот, слухот, речникот, размислувањето и фините моторни вештини. Спонтаното и несвесно учење низ игра е клучно во раниот развој, така што овој убав комплет помага и во развојот на детските когнитивни функции неопходни за учење, во развојот на логичното расудување и контролирањето на чувствата. 

    Комплетот вклучува:

     Дрвена играчка во вид на дрвја од елемнти што се редат еден врз друг. Секое од трите дрвја е направено од по 4 дрвени блокчиња со различна големина, форма и боја. Како додаток, оваа играчка содржи и 6 двострани картички со илустрации со 6 начини на коишто дрвените блокчиња можат да бидат наредени, а коишто детето треба да ги подреди според дадениот пример. Играњето со неа помага во развојот на опсервациските способности и логиката. 
     „Супер дабар“ е дрвена игра со рамнотежа. На преслаткиот дрвен дабар му треба вашата помош при пренесувањето на сите материјали до браната! Играта се состои од 26 парчиња и може да се игра на 2 различни начини, сами или со други. Играчката содржи и дрвена коцка со бои, којашто покажува каква боја треба да биде следниот елемент што ќе го поставите (Секако, може да ги бирате елементите и по своја желба) - помага во развојот на логиката, трпението, способноста за планирање, фината моторика и вештината на рацете.
     Музичка играчка на тема „бара“ со удиралка со изглед на трска - помага во развојот на аудитивната чувствителност, во способноста да се разберат различни секвенци и да се препознаат бои.
    Последнa, но не и најмалку важнa е дрвената сложувалка на тема емоции: нашиот пријател дабарот ги поттикнува децата да го прошират својот речник и подобро да ги препознаат емоциите. Претставени се 4 емоции (радост, тага, страв и гнев) и имаат карактеристична обоена позадина која служи како водич за вашето малечко.

    ВИДЕО

    Многуте различни функции ја прават кутијата да може да се користи секојдневно без играчките да им станат досадни на децата. Комплетот вклучува и детална информативна книшка за родителите, благодарение на која можете да се уверите дека вашето дете целосно ги користи сите можности на играчките во кутијата.

    Оригиналниот концепт на Janod кутиите со развојни играчки е создаден и развиен во соработка со психомоторен специјалист. Колекцијата вклучува 4 кутии, секоја со 4 играчки, наменети за 4 возрасни групи и последователни нивоа на стекнување вештини: сензорна стимулација, развој на моторни вештини, развој на концентрацијата и вештини за логично размислување.

    За целосно искористување на можностите на оваа Janod кутија, подготвивме дополнителни активности поврзани со овие играчки. Ова е начин да се продолжи животот на играчките. Благодарение на новите идеи за забава, вашето дете ќе може да го користи и по одредена возраст! ЛИНК до брошурата

    Големина на кутијата: 35 x 9 x 25 cm

    0.0 0
    Напишете сопствен осврт Close
    • Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари
    *
    *
    • Лош
    • Одлично
    *
    *
    *