Играјќи ја оваа игра, децата ќе ја развиваат својата креативност и имагинација. Тие ќе ги оживеат фантастичните ликови и ќе се идентификуваат со нивните емоции. Играјќи си, децата ќе учат да ги ставаат фактите и настаните во просторна и временска димензија, без разлика дали се реални или измислени.
Измислувањето приказни е начин на искажување на себеси, на личен и креативен начин. Понатаму, го поттикнува совладувањето и употребата на јазикот, што е од суштинско значење за секое дете од предучилишна возраст па нагоре. Оваа игра е извонредна можност да се обидете во раскажувањето сопствени приказни.
Ова се нашите протагонисти, во форма на 9 ликови од дрво: крал, принцеза, трол, змејче, принц, самовила, волшебник, вештерка и еднорог.
За ја постават наративната позадина на својата приказна со илустрациите што се дел од комплетот, децата можат слободно да си играат со сите предметни плочки и дрвени ликови што им се на располагање. Тие исто така можат да одлучат да ги поделат материјалите меѓу себе. Нема правила во изградбата на приказните, нивната имагинација и слободно изразување се сè што им треба.
Димензии на кутијата: 5,50 x 24,5 x 20,5 cm
Инструкции за играта