Пребарување
Македонски
Сите категории
    Menu Close

    Мемо игра со рипки - Headu Ecoplay

    Бренд: Headu
    За возраст од 3 до 6 години │ Содржи 36 картички (16 пара) ● Го поттикнува развојот на визуелната меморија ● Создавање на сликовити композиции ● Социјализација
    Шифра: 8059591428481
    Достапност: На залиха
    ден 490,00
    i h
    Датум на испорака: 1-3 работни дена

    Многу слатки, шарени мали риби за вашата прва игра со меморија! Најдете ги соодветните карти, спојте ги заедно, направете најмногу рипки и победете во играта.

    Пред да започнете со играта, наредете ги картичките со форма на половина рипка свртени нагоре на површината за играње на уреден начин. Покажете му на детето како, со поврзување на две половинки со слична илустрација можат да состават шарена рипка.

    Измешајте ги картичките и поставете ги со лицето нагоре, во редови. Поканете ги децата да ги разгледуваат илустрациите околу 30 секунди, а потоа сите свртете ги со лицето надолу. Најмладиот играч започнува со превртување на две картички. Ако тие формираат пар што ја прави точната риба, играчот ги задржува картичките и може да преврти уште две. Доколку двете картички не формираат соодветна рипка, тој/таа ги врти повторно со лицето надолу и со играта продолжува следниот играч, во насока на стрелките на часовникот. Победник е оној што, откако ќе се спарат сите картички, ќе има формирано најмногу риби.

     Димензии на кутијата: 6,90 x 11,7 x 11,7 cm

    Инструкции

    0.0 0
    Напишете сопствен осврт Close
    • Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари
    *
    *
    • Лош
    • Одлично
    *
    *
    *