Пребарување
Македонски
Сите категории
    Menu Close

    Комплет за новороденче - СИН- Kaloo

    Бренд: Kaloo
    Шифра: 3666502180199
    Достапност: На залиха
    ден 2.490,00
    ден 2.241,00
    i h
    Бесплатна испорака
    Датум на испорака: 1-3 работни дена

    Овој комплет од француската марка Kaloo е совршен подарок за новороденче. Вклучува 3 артикли-  гушкалка, глодалка и меки обувки. Гушкалката е со изглед на весело зајаче, коешто ќе му биде незаменлив придружник на бебето во текот на денот и ноќта. Направено е од два материјали: кадифе и лесна ткаенина од вискоза, коишто се совршени за удобноста на бебето. Гушкалката има долги уши, со коишто може да го закачите насекаде и никогаш да не го загубите. Ушите се нежни и лесни за фаќање и држење со малите рачиња.

    Силиконската глодалка е идеална за олеснување на периодот на никнувањето на забите. Нејзината мека, заоблена форма ја прави идеална за малата бебешка уста, а е дизајнирана имајќи ја предвид благосостојбата на бебето. Има 2 текстури: предниот дел е мазен, додека задниот дел има испакнатини, кои помагаат да се пробијат првите заби и да се масираат болните непца. Големите и меки уши се лесни за фаќање и држење и лесно се одвојуваат за перење. Глодалката е безбедна за користење и не содржи PVC и BPA.

    Обувките може да се користат од 0 до 6 месеци. Направени се од два материјали: кадифе и велур. Тие се меки и нежни, а со нивните мали зајачки уши изгледаат преслатко на нозете на бебето.

    Овој комплет доаѓа во убава кутија за подарок, на којашто може да се напише порака на долниот дел од капакот.

    Големина на гушкалката: 30 cm

    Големина на кутијата: 26 x 6 x 23 cm

    Одржување: Гушкалката и тектилниот додаток на глодалката можат да се перат во машина на 30°. Обувките да се перат рачно.

    Спецификации на производот
    Возраст 0+ месеци
    Материјал кадифе и лесна ткаенина од вискоза
    0.0 0
    Напишете сопствен осврт Close
    • Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари
    *
    *
    • Лош
    • Одлично
    *
    *
    *