Овој цврст и удобен тротинет, за возраст од 3 години и понатаму, ќе ги придружува децата додека растат, благодарение на неговата практичност и издржливост.
Има удобно кормило, прилагодливо во висина во 4 позиции, коешто може брзо и лесно да се прилагоди на големината на неговиот корисник.
Oпремен e со систем за управување што овозможува учење по мерка. Притиснете го копчето на предната страна за да ги заклучите тркалата во права линија. Исклучете ја оваа опција кога ќе дојде време детето да научи постепено да врти. Висококвалитетните тркала апсорбираат вибрации.
Неговата ниска и широка платформа го олеснува возењето, а светлечките предни тркала внесуваат додатна забава во возењето.
Уникатниот систем за брзо и безбедно преклопување го прави многу практичен и го олеснува транспортирањето и складирањето.
Внимание: Се препорачува носење заштитна опрема (заштитна кацига) кога се вози тротинет. Да не се користи во сообраќај и на јавни патишта.
Дијаметар на тркалата: 121 mm (предни), 80 mm (задно)