Пребарување
Македонски
Сите категории
    Menu Close

    Сјај за усни – Еднорог - Souza

    Бренд: Souza
    Препорачана возраст: 6+
    Шифра: 8718403980554
    Достапност: На залиха
    ден 290,00
    i h
    Датум на испорака: 1 ДО 3 РАБОТНИ ДЕНА ВО СКОПЈЕ ● 2 ДО 4 РАБОТНИ ДЕНА НИЗ МАКЕДОНИЈА ● ПРИ ПОСТАПКАТА НА НАРАЧУВАЊЕ МОЖЕ ДА ИЗБЕРЕТЕ ОПЦИЈА ЗА НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: СО КАРТИЧКА ИЛИ ВО ГОТОВО ПРИ ДОСТАВАТА НА НАРАЧКАТА

    Додадете магичен сјај на усните со Unicorn Swirl од Souza! Овој разигран сјај за усни има впечатлив спирален дизајн во повеќе бои, инспириран од светот на еднорозите. Со нежна ванила-арома и сјаен ефект, претставува симпатичен додаток за малите љубителки на козметиката.

    Благодарение на компактното пакување, лесно се носи во ташничка или козметичко куферче. Одличен е како мало изненадување, подарок за роденден или додаток во подарочна кесичка.

    Карактеристики:

    • Количина: 1 сјај за усни

    • Дизајн: шарен спирален ефект со мотив на еднорог

    • Арома: ванила

    • Количина: 8,5 ml

    • Веганска формула

    • Дерматолошки тестирано

    • Должина на производот: 10,5 cm

    • Димензии на пакувањето: 5 × 16 × 2 cm

     

    Влезете во волшебниот и колоритен свет на Souza, марка којашто е  синоним за фантазија и елеганција за малите авантуристи и сонувачи. Овде, секој костим, додаток или производ за разубавување, е отворена врата кон светот во којшто владее имагинацијата! Со своите ултра стилски производи, Souza го трансформира секој момент во магична авантура. Од нежните наметки и раскошните фустани па до волшебните додатоци, секое парче е комбинација на креативност и сјај. Без разлика дали се за роденден или само за забава, сите костими на Souza се внимателно дизајнирани и ве покануваат на патување во фантастичните светови на принцезите, змејовите, витезите, пиратите, диносаурусите... Костимите се дизајнирани да бидат удобни колку што се модерни и совршено се прилагодуваат на различни возрасти и големини.

    0.0 0
    Напишете сопствен осврт Close
    • Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари
    *
    *
    • Лош
    • Одлично
    *
    *
    *