Search
English
All Categories
    Menu Close

    Shipping & returns

    Испорака:

    Нарачаните производи се испорачуваат со приложена испратница, a електронската фактура за извршеното плаќање се испраќа по електронска пошта.

    Купените производи се доставуваат до адресата којашто ја навел како адреса за испорака. Трошоците за испорака се пресметуваат според одбраниот начин на плаќање. Динамиката на испорака ќе зависи од начинот на испорака којшто е избран од страна на купувачот.

    Трошоците за испорака на нарачката ќе бидат јасно претставени, издвоени и лесно видливи во однос на цената на производот. Збирот на овие две цени (цена на производ и цена на услугата – испорака) ќе биде исто така јасно истакнат и назначен при процесот на плаќање.

     

    Враќање:

    Купувачот при прием на пратката треба да ја прегледа истата, да провери дали испорачаното одговара на нарачката и во присуство на нашиот доставувач да утврди дека производите се во добра состојба или пак, во истиот момент треба да се пожали доколку пратката е неисправна.

    Купувачот има право да побара враќање на производот кога:

    • се испорачани производи кои не се нарачани;

    • кога се испорачани производи кои имат грешка или оштетувања кои настанеле при транспортот или од производителот.

     

    Правото на купувачот да го врати производот што му е испорачан ќе се почитува само доколку:

    • производот не бил употребуван;

    • сочувани се: изгледот, употребните својства, пакувањето и фабричките етикети на производот;

    • при поднесување на барање за замена односно враќање на производ приложи фискална сметка или сметкопотврда и целокупната друга документација која на потрошувачот му била издаденa заедно со производот.

     

    Производот кој е неупотребуван, неотпакуван, може да се врати во рок од 5 дена, заедно со приложената фактура и истиот да се замени со соодветен нов.

    Во случај да барате враќање на паричните средства, тоа можете да го остварите само доколку производот го вратите неупотребуван, во оргинална амбалажа, со приложена фактура, испратница, во рок од 5 дена од приемот на производот.

    Во случај да не можеме да го испорачаме платениот производ, се обврзуваме да ви ги вратиме уплатените средства на сметката од која биле уплатени, во рок од 5 дена од утврдувањето на невозможноста за достава.

    www.storybox.mk има резервирано право да ја менува политиката за враќање на производи и парични средства. Сите ревизии или промени ќе стапат во сила веднаш со нивното објавување на веб сајтот www.storybox.mk. Нашата политика за враќање на производ и парични средства е достапна на нашиот веб сајт. Ви препорачуваме при секоја посета на веб сајтот да ги погледнете објавените измени од политиката за враќање.