Прилагодливите детски ролшуи My First Quad го прават првото возење лесно и им помагаат дури и на најмалите да постигнат брз успех.
Со четири тивки силиконски тркала и цврста школка со висока отпорност на удари, ролшуите нудат дополнителна безбедност и стабилност при возење. Со тврдина од 82A, тркалата со висок одбиток се движат мазно благодарение на затворените карбонски лежишта и се идеални за возење по тротоари. Управувањето на My First Quad е прилагодено така што лесно се одржува правецот. Заштитата кај петата и зглобот обезбедува поддршка, додека вградениот стопер на секоја ролшула го прави сопирањето детска игра. Стоперите се поставени позади, со што и најмалите почетници можат да научат основни движења кои подоцна ќе бидат важни при возење инлајн ролери.
Со две копчиња со механизам за заклучување и ремени со притискање, детските ролшуи се лесни за облекување и совршено се прилагодуваат на стапалото – толку лесно што децата самите можат да ги облечат и соблечат. Отворите за воздух во школката и изрезите во надворешниот слој обезбедуваат оптимална вентилација дури и при најголема активност. Необичниот дизајн на My First Quad е прилагоден на специјалните потреби на почетниците.
Екстра-големите задни тркала со димензии 80 x 20 милиметри, заедно со помалите предни тркала (40 x 18 мм), обезбедуваа стабилност, а притоа се и визуелно впечатливи и весело модерни, исто како и шарениот дизајн на ролшуите, кој им носи голема радост на децата. Желбата за движење на отворено е загарантирана!