Пребарување
Македонски
Сите категории
    Menu Close

    Мојот сет за убавина – Самовила - Souza

    Бренд: Souza
    Препорачана возраст: 6+
    Шифра: 8718403980516
    Достапност: На залиха
    ден 790,00
    i h
    Датум на испорака: 1 ДО 3 РАБОТНИ ДЕНА ВО СКОПЈЕ ● 2 ДО 4 РАБОТНИ ДЕНА НИЗ МАКЕДОНИЈА ● ПРИ ПОСТАПКАТА НА НАРАЧУВАЊЕ МОЖЕ ДА ИЗБЕРЕТЕ ОПЦИЈА ЗА НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: СО КАРТИЧКА ИЛИ ВО ГОТОВО ПРИ ДОСТАВАТА НА НАРАЧКАТА

    Внесете бајковита магија во играта со козметичкиот сет My Beauty Set Fairy од Souza! Сетот е инспириран од светот на самовилите и содржи производи за детска шминка со кои малите љубителки на убавината можат да експериментираат со бои и да создаваат свои волшебни изгледи.

    Во комплетот се вклучени четири сенки за очи, два светкави лака за нокти во розова и златна боја и сјај за усни со арома на јагода. Додаден е и двостран апликатор за нанесување на сенките. Лаковите се на водена основа и се отстрануваат со лупење, без потреба од традиционален отстранувач.

    Карактеристики:

    • Содржина:

      • 4 сенки за очи во различни бои

      • 2 светкави лака за нокти – розов и златен

      • 1 сјај за усни со арома на јагода

      • 1 двостран апликатор

    • Лаковите се на водена основа (peel-off формула)

    • Веганска формула

    • Дерматолошки тестирани производи

       

    Влезете во волшебниот и колоритен свет на Souza, марка којашто е  синоним за фантазија и елеганција за малите авантуристи и сонувачи. Овде, секој костим, додаток или производ за разубавување, е отворена врата кон светот во којшто владее имагинацијата! Со своите ултра стилски производи, Souza го трансформира секој момент во магична авантура. Од нежните наметки и раскошните фустани па до волшебните додатоци, секое парче е комбинација на креативност и сјај. Без разлика дали се за роденден или само за забава, сите костими на Souza се внимателно дизајнирани и ве покануваат на патување во фантастичните светови на принцезите, змејовите, витезите, пиратите, диносаурусите... Костимите се дизајнирани да бидат удобни колку што се модерни и совршено се прилагодуваат на различни возрасти и големини.

    0.0 0
    Напишете сопствен осврт Close
    • Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари
    *
    *
    • Лош
    • Одлично
    *
    *
    *