Пребарување
Македонски
Сите категории
    Menu Close

    Милева Ајнштајн - Теорија на тагата

    Славенка Дракулиќ
    Шифра: 9786082560434
    Достапност: На залиха
    ден 300,00
    i h
    Датум на испорака: 1-3 работни дена

    Кога, тукушто стигната со своите синови во Берлин, каде што нејзиниот сопруг, најславниот научник на XX век, Алберт Ајнштајн, само што добил работа, ќе добие писмо со Услови за нивниот меѓусебен живот, и онака напукнатиот живот на Милева Ајнштајн сосема ќе се преврти. Останува сама, со своите синови, со големиот товар на тагата што ја носи во себе, со сите падови коишто ги имала во животот и оние што допрва ќе ги доживее.

    Личноста што била предодредена за најголеми научни дострели, генијалната математичарка, првата жена на Политехничкиот факултет на Универзитетот во Цирих, секогаш различната и поинаква Милева Ајнштајн родена Мариќ, од богато војводинско семејство, е со речиси парадигматична судбина кога размислуваме за положбата на жените во тоа време. Нејзината теорија на тагата е тешка како и која било теорија на релативноста, но и многу почеста од неа. Багажот на тагата што го носела од најраната младост до смртта, во којашто со текот на времето само се додавале тешки моменти, од куцањето и подбивот на децата, преку љубовта и неуспешниот брак со Алберт, до смртта на детето, болната сестра, незавршениот факултет, лошата материјална ситуација и тешката болест на најмладиот син, е товар што може да го разбере секоја читателка или читател.

    Славенка Дракулиќ во романот Милева Ајнштајн, теорија на тагата го оживува генијот во неговото семејство. Пред нас се појавува опиплива, вистинска, полна со живот, но и со депресија Милева, жената во којашто се огледуваат сите улоги коишто жените постојано и одново ги поднесуваат и со коишто се носат посилно од кој било маж.

    Спецификации на производот
    Број на страни 220
    Димензии на книгата 129 x 198 mm
    Година на издавање 2019
    ISBN 978-608-256-043-4
    0.0 0
    Напишете сопствен осврт Close
    • Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари
    *
    *
    • Лош
    • Одлично
    *
    *
    *