Пребарување
Македонски
Сите категории
    Menu Close

    Мека книга КОЈ СЕ КРИЕ ЗАД ТУКАНОТ ПАБЛО - Lilliputiens

    Бренд: Lilliputiens
    За возраст од 9 месеци и понатаму │ Помага во развојот на видот и слухот ● Моторичките вештини и координацијата ● Проникливоста, љубопитноста и фантазијата
    Шифра: 9782930417912
    Достапност: Нема на залиха
    ден 1.290,00
    i h
    Датум на испорака: 1-3 работни дена

    Играјќи со оваа мека книга, децата ќе се сретнат со неколку забавни пријатели од џунглата, коишто играат криенка еден зад друг. Напред е туканот Пабло со неговиот импресивен клун, а зад него, на секоја страница од книгата, се кријат неколку жители на џунглата за коишто децата треба да претпостават кои се, според деловите од телото и текстурите што ѕиркаат зад страниците.

    Чии се овие мали ушиња и чудесна грива? Чии се овие долги нозе? Чија е оваа бушава шарена опашка? Аха! Тоа се лавот Џек, фламингото Анаис и палавиот лемур Џорџ.

    Книгата има и додаток со којшто може да се врзе на бебешка количка, или пак на оградата од креветчето. Сите детали на неа се извезени и цврсто пришиени, така што таа е сосема безбедна за играње.

    Ги поттикнува детската имагинација и љубопитност, ги активира сетилата за вид, допир и емотивната сфера. Исто така, ова е и одличен начин да ја всадите љубовта кон книгите кај вашето малечко.

     

    Димензии: 23x2,5x24cm

    Одржување: Може да се пере во машина на 30°.

    Материјал: полиестер

     

    Нудејќи многу изненадувачки авантури и чисто задоволство, неодоливите колекции на Lilliputiens ги воодушевуваат срцата и на децата и на возрасните!

    Заедничкото откривање на шарениот и стимулирачки свет на Lilliputiens е драгоцен момент помеѓу детето и родителот, кој создава спомени кои ќе останат врежани во текот на целиот живот.

    0.0 0
    Напишете сопствен осврт Close
    • Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари
    *
    *
    • Лош
    • Одлично
    *
    *
    *