Пребарување
Македонски
Сите категории
    Menu Close

    Мал дрвен воз за влечење и составување, со овца Zigolos – Janod

    Бренд: Janod
    За возраст од 1 година и понатаму │ Мал дрвен воз со овца Zigolos – 2 во 1 ● Вовче за составување и влечење ● 15 светло обоени дрвени коцки ● Го придружува детето во првите чекори и откритија
    Шифра: 3700217382902
    Достапност: На залиха
    ден 1.590,00
    ден 1.431,00
    i h
    Бесплатна испорака
    Датум на испорака: ДО 4 РАБОТНИ ДЕНА

    Чу-чу! Малото вовче е подготвено за поаѓање, а на чело е симпатична овца! Децата од 12 месеци па нагоре ќе уживаат да го влечат овој едукативен дрвен воз низ домот. Но, ова не е само играчка за влечење – туку и конструктор!

    Со помош на 15-те дрвени коцки кои се редат на двете вагончиња, детето учи да препознава форми и бои, додека се забавува. Коцките се редат – понекогаш накриво, понекогаш совршено – а детето прилагодува, пробува повторно и набљудува како конструкцијата се одржува. Ова е одлично за развој на фина моторика и координација.

    Секоја композиција е различна и уникатна! Преку испробување на различни комбинации, детето ја развива логиката на составување, способноста за планирање, организација и предвидување. Дополнителна сензорна вредност имаат ушите и волната на овцата, изработени од мек филц, пријатен за допир.

    Овој дрвен воз е дел од колекцијата Zigolos – весела и шарена линија со разиграни форми, создадена за будење на сетилата и поддршка на првите детски откритија. Играчката е изработена од FSC™ сертифицирано дрво и обоена со бои на водена база.

    ВИДЕО

    Должина на јаже: 50 cm
    Димензии: 32 × 7 × 10,5 cm
    Материјал: Дрво (бреза), филц

    0.0 0
    Напишете сопствен осврт Close
    • Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари
    *
    *
    • Лош
    • Одлично
    *
    *
    *