Тала е облечена во шармантен бел фустан со слатки животински дизајни, којшто е надополнет со соодветна капа и пар розови чорапи.
Покрај тоа, Тала има додатоци кои ќе внесат додатно чувство на реализам во детската игра. Така, таа е придружена со розово ќебенце, совршено како играчка за гушкање и секако, незаменливата цуцла. Куклата има звучен механизам во внатрешноста на текстилното тело, којшто се активира со притискање на стомачето, така што плаче и вика на мама и тато, исто како вистинско бебе.
Покрај тоа, Тала има флексибилни зглобови, па најмалите ќе можат да ја наместат во која било позиција. Изработена е од мек, фин и висококвалитетен силикон, така што таа е многу пријатна на допир и има реален и детален изглед.
Димензии: 44 см
Важно! Отсрранете ги сите елементи што ја држат куклата прицврстена за кутијата, пред да му ја дадете на детето. Доколку детето е на помала возраст, се препорачува надзор од возрасен секокаш кога си и игра со куклата.
Llorens е престижна марка на висококвалитетни и рачно изработени кукли, со голема посветеност на деталите, затоа и децата и колекционерите ја ценат убавината на овие преслатки модели. Llorens е еден од најиновативните и најмодерните производители на пазарот, со постојан развој на портфолиото. Овие кукли се целосно дизајнирани и произведени во Шпанија, од материјали со врвен квалитет.