Бела денеска оди на забава и внимаваше на секој детаљ. Облечена е многу модерно, со фустан од тул и розова светкава јакна. А за да биде уште пошик, стави капа со помпон во која изгледа навистина слатко.
Нејзината облека и додатоци се многу модерни и изаботени рачно од органски памук, што значи дека во процесот на одгледување и производство не се користени никакви хемикалии.
Висока е 45cm и тешка 945 гр. Со глава што се врти.
Телото е изработено од мек винил. Спакувана е во ексклузивна кутија за подарок.
Големина на кутијата: 27.5 cm x 53 cm x 13.5 cm
Куклите од шпанската марка Antonio Juan се издвојуваат по врвниот квалитет, по деталната изработка и по нивната нежност. Ова е марка со големо национално и меѓународно влијание во производството на кукли за бебиња. Од 1958 година, тие од година во година постојано внесуваат новитети во своите колекции, нудејќи огромен број на нови модели. Многу е тешко повторно да се најде истата кукла!
Што се однесува до нивните суштински и оригинални карактеристики, куклите од Antonio Juan имаат буцкасти образи и добро дефинирана анатомија. Нивната сладост е неодолива, а нивните лица ќе ве маѓепсаат.