Прекрасен костим што наликува паун во зелена, сина и виолетова боја со златен сјај и детали со светки. Костимот се состои од фустан и крилја.
Пауновите крилја се зелени со прекрасен принт на пердуви во зелена, златна и розова боја. Крилјата се споени во средината со парче ткаенина со фино златен сјај и виолетов тул. Тие имаат еластични ремени, коишто детето треба да ги носи околу рамениците.
Фустанот има две тесни, прилагодливи прерамки во тиркизна боја и прекрасно елече со светки и фин дезен во златен сјај. На задната страна има убаво, светло сино кадифе. На половината има прекрасни кругови од тул со принт од фин пердув од паун. Здолништето се состои од два слоја, од кои внатрешниот слој е од лесна и цврста ткаенина, што гарантира тоа да не изгледа проѕирно, ан адворешниот слој се состои од тул, што му дава убава исполнетост и форма.
● ● ●
Влезете во волшебниот и колоритен свет на Souza, марка којашто е синоним за фантазија и елеганција за малите авантуристи и сонувачи. Овде, секој костим, додаток или производ за разубавување, е отворена врата кон светот во којшто владее имагинацијата! Со своите ултра стилски производи, Souza го трансформира секој момент во магична авантура. Од нежните наметки и раскошните фустани па до волшебните додатоци, секое парче е комбинација на креативност и сјај. Без разлика дали се за роденден или само за забава, сите костими на Souza се внимателно дизајнирани и ве покануваат на патување во фантастичните светови на принцезите, змејовите, витезите, пиратите, диносаурусите... Костимите се дизајнирани да бидат удобни колку што се модерни и совршено се прилагодуваат на различни возрасти и големини.