Пребарување
Македонски
Сите категории
    Menu Close

    Комплет од 3 лакови за нокти со капаче во вид на круна - Souza

    Бренд: Souza
    Шифра: 8718403989106
    Достапност: На залиха
    ден 420,00
    ден 378,00
    i h
    Датум на испорака: 1-3 работни дена

    Овој комплет детски лакови за нокти од холандската марка Souza, содржи 3 шишиња лакови во прекрасни бои: розова, розова со светки и виолетова. Тие се на база на вода и се сосема безбедни, не предизвикуваат алергии и не ја иритираат кожата. Шишињата се со капацитет од 4 ml, со капачиња во форма на светкави мини-круни. Спакувани се во шармантна картонска кутија со прозорец.

    Овие производи се дерматолошки тестирани, потполно безбедни, не предизвикуваат алергии и не ја иритираат кожата. Лаковите создаваат слој на ноктите што лесно се лупи, така што може лесно да се отстрани од ноктите (како налепница).

    Овој комплет е совршен за забави, родендени, забава со имитирање на салон за убавина и како стилски подарок.

    Големина на кутијата: 16 x 14 x 4 cm

     

    Влезете во волшебниот и колоритен свет на Souza, марка којашто е  синоним за фантазија и елеганција за малите авантуристи и сонувачи. Овде, секој костим, додаток или производ за разубавување, е отворена врата кон светот во којшто владее имагинацијата! Со своите ултра стилски производи, Souza го трансформира секој момент во магична авантура. Од нежните наметки и раскошните фустани па до волшебните додатоци, секое парче е комбинација на креативност и сјај. Без разлика дали се за роденден или само за забава, сите костими на Souza се внимателно дизајнирани и ве покануваат на патување во фантастичните светови на принцезите, змејовите, витезите, пиратите, диносаурусите... Костимите се дизајнирани да бидат удобни колку што се модерни и совршено се прилагодуваат на различни возрасти и големини.

    0.0 0
    Напишете сопствен осврт Close
    • Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари
    *
    *
    • Лош
    • Одлично
    *
    *
    *