You have no items in your shopping cart.
● Брзите возила и суперавтомобилите заслужуваат само најкул гаража. Комплетот вклучува два автомобили за играње. ● Оваа луксузна гаража доаѓа со лифт за кревање на колите до посакуваното ниво! Ставете ги вашите автомобили во лифтот и свртете го копчето за да ги однесете до горните нивоа, или повторно да се вратите надолу - ако не им се допаѓа да се спуштат по неверојатните рампи. ● Гаражата е опремена со две каскадерски патеки. Испратете ги вашите возила да итаат по спиралната рампа, или пркосете ѝ на гравитацијата со патека од 360° што може да се трансформира во рампа за лансирање! ● Оваа неверојатната гаража ќе ја инспирира фантазијата и ќе ги поттикнува креативните способности на вашето дете за измислување и раскажување приказни. Гаражата е дизајнирана да симулира ситуации од реалниот живот, со услуги кои се избираат со вртење на копчето, и места за полнење на електричните автомобили. ● Комплетот е направен од квалитетна дрвена конструкција, што го прави безбеден и доволно цврст за да трае многу години.
Материјал: Дрво и пластика
Димензии на производот: 42.4 x 40 x 59 cm
Тежина: 5,5 кг.
Потребно е склопување од возрасен.