Пребарување
Македонски
Сите категории
    Menu Close

    Фустан СИРЕНАТА ЛОРЕЛИ (5-7 години) - Souza

    Бренд: Souza
    За висина 110-122 cm ● Материјал: 100% полиестер
    Шифра: 8718692919846
    Достапност: На залиха
    ден 3.350,00
    ден 3.015,00
    i h
    Бесплатна испорака
    Датум на испорака: 1-3 работни дена

    Костимот на сирената Лорели од холандската марка Souza! е прекрасна, вешто изработена облека за девојки. Има класичен крој со прерамки, со повисоко деколте и еластичен појас. Изработката воодушевува со вниманието кон деталите. Горниот дел на овој интензивно син фустан е изработен од сјајно кадифе со риги на потемни, мали светки од страните. Прерамките се исто така кадифени. Има мал тул на деколтето и на половината и холографски апликации на морска ѕвезда на предната страна. Долниот дел е тесно и растегливо здолниште, украсено со големи, холографски светки во сина и виолетова нијанса, коишто имитираат крлушки на сирена, завршено со поширок светлосин тул, што му дава облик на опашка на сирена. Задниот дел на здолништето е мазен и има практичен шлиц на дното за полесно движење. Фустанот е пријатен на допир и удобен за носење.

    Должина на здолништето: 55 cm

    ● ● ●

    Влезете во волшебниот и колоритен свет на Souza, марка којашто е  синоним за фантазија и елеганција за малите авантуристи и сонувачи. Овде, секој костим, додаток или производ за разубавување, е отворена врата кон светот во којшто владее имагинацијата! Со своите ултра стилски производи, Souza го трансформира секој момент во магична авантура. Од нежните наметки и раскошните фустани па до волшебните додатоци, секое парче е комбинација на креативност и сјај. Без разлика дали се за роденден или само за забава, сите костими на Souza се внимателно дизајнирани и ве покануваат на патување во фантастичните светови на принцезите, змејовите, витезите, пиратите, диносаурусите... Костимите се дизајнирани да бидат удобни колку што се модерни и совршено се прилагодуваат на различни возрасти и големини. 

     

    0.0 0
    Напишете сопствен осврт Close
    • Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари
    *
    *
    • Лош
    • Одлично
    *
    *
    *