Пребарување
Македонски
Сите категории
    Menu Close

    Воз со домашни животни - Lilliputiens

    Бренд: Lilliputiens
    За возраст од 12 месеци и понатаму │ Помага во развојот на моторичките вештини и координацијата ● Проникливоста, љубопитноста и фантазијата ● Ги активира сетилата за вид и допир ● Препознавање на форми и бои ● Броење до 3.
    Шифра: 5414834832952
    Достапност: На залиха
    ден 2.290,00
    i h
    Бесплатна испорака
    Датум на испорака: 1-3 работни дена

    Овој комплет од 3 дрвени колички од колекцијата ФАРМА на белгискиот бренд Lilliputiens е оригинална играчка направена од природно дрво.

    Комплетот вклучува 3 платформи на тркала, со графики со броевите од 1 до 3, слични на тркачки автомобили и вдлабнатини во коишто можат да се сместат 3 елементи: дрвени блокови-кабини во форми што одговараат на овие вдлабнатини - круг, триаголник и квадрат (со што играчката има функција на сортирач за форми и бои).

    На дрвените форми, со помош на леплива лента се поставуваат возачите на колите: кокошката Паулета, магарето Игнас и кравата Розали.

    Возилата се поврзуваат едни со други со магнети, така што можат лесно да се претворат во воз.

    Сите елементи од комплетот се погодни за деца на возарст од 1 година и понатаму. Играчката е цврсто изработена и безбедна. Ја поттикнува фантазијата на децата, ги поттикнува да раскажуваат приказни, да играат улоги и да создаваат ситуации како што се тркање или активности на фармата (на дното на блоковите има илустрации со моркови, маргаритки и пиленце што се испилува). Го поттикнува развојот на координација, фините моторни вештини (фаќање, лизгање, вметнување, вадење, поврзување со магнет и велкро), ги активира сетилата за вид и допир, препознавањето на форми и бои и броење до 3.

    Димензии: 30 x 14,5 x 8 cm

    Материјал: буково дрво и полиестер.

    ВИДЕО

    Нудејќи многу изненадувачки авантури и чисто задоволство, неодоливите колекции на Lilliputiens ги воодушевуваат срцата и на децата и на возрасните!

    Заедничкото откривање на шарениот и стимулирачки свет на Lilliputiens е драгоцен момент помеѓу детето и родителот, кој создава спомени кои ќе останат врежани во текот на целиот живот.

    0.0 0
    Напишете сопствен осврт Close
    • Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари
    *
    *
    • Лош
    • Одлично
    *
    *
    *