Пребарување
Македонски
Сите категории
    Menu Close

    Дрвена коцка со активности - Фарма

    Бренд: Lilliputiens
    Шифра: 5414834834123
    Достапност: На залиха
    ден 2.790,00
    i h
    Датум на испорака: 1-3 работни дена

    Дрвената коцка со активности Фарма на белгискиот бренд Lilliputiens е оригинален мултифункционален извор за забава и учење за малите љубопитни деца. Коцката има отворено дно, а на секој од петте ѕидови има различни видови игри и функции:
    • дупка скриена под подвижен, од филц направен лист на лотус и езерце со риби кои „пливаат“ со вртење на дрвена рачка,
    • кокошарник во форма на прозорец и друг отвор под него, покриен со филц,
    • јаболкница под која седи магарето Игнас, со јаболко коешто може да се движи по цик-цак патека,
    • зграда на фарма со 5 пластични монистри на метална шипка и метално ѕвоно над влезот во куќата,
    • огледало во форма на кравата Розали.


    Комплетот вклучува и мека, текстилна кукла во вид на кокошката Паулета со ѕвонче скриено внатре, која може да се протнува низ секоја од дупките и да се користи за создавање приказни за секојдневниот живот и авантурите на фармата. Коцката е цврсто изработена и безбедна. Обоена со безбедни бои на база на вода. Таа ја поттикнува детската имагинација. Развива координација на рака-око и фини моторни вештини (фаќање, отворање, затворање, лизгање, влечење, вметнување, вадење), го активира сетилото за слух(содржи ѕвонче) , допир (содржи различни материјали и текстури) и вид (има огледало) а со малата кукла во форма на кокошка може да се раскажуваат приказни.

    Препорачана возраст: 12 м+
    Материјал: FSC дрво, кокошка: полнење од полиестер: GRS полиестер, метал, пластика, филц
    Димензии на производот: 20 x 20 x 20 cm
    Безбедност и квалитет : EN71, CE, ASTM, ISO 9001

    Спецификации на производот
    Димензии 20 x 20 x 20 cm
    Материјал FSC дрво, GRS полиестер, метал, пластика, филц
    Возраст 12 м+
    0.0 0
    Напишете сопствен осврт Close
    • Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари
    *
    *
    • Лош
    • Одлично
    *
    *
    *