Search
English
All Categories
    Menu Close

    Condidions of Use

    УСЛОВИ ЗА КУПУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ И/ИЛИ УСЛУГИ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ

    Овие Услови за купување на производи преку интернет (понатаму: Услови за онлајн купување), заедно со нашата Политика за приватност се важечки при Вашиот пристап и користењето на нашата интернет продавница www.storybox.mk и купувањето на производи и/или услуги нарачани преку нашата интернет продавница.

    Со нарачката на производи и/или услуги од нашата интернет страница, Вие потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и сте се согласиле да бидете обврзани со овие Услови за онлајн купување и со останатите погоре наведени политики.

     (1) Вовед

    Ве молиме прочитајте ги овие Услови за онлајн купување внимателно.

    Од Вас ќе биде побарана согласност дека сте се согласиле со овие Услови за онлајн купување пред да можете да извршите нарачка за купување на производ и/или услуги од интернет продавницата www.storybox.mk

    (2) Толкување на поимите

    Во овие Услови за онлајн купување, "ние" значи Сторибокс ДООЕЛ Скопје ("нас" и "нашите" ќе се толкува соодветно); и "Вие" значи нашите купувачи или потенцијални купувачи на производи и/или услуги ("Вашето" ќе се толкува соодветно). 

    1. Процес на нарачка

     

     

    • Вие мора да додадете било кој од производите и/или услуги кои сакате да ги купите во Вашата кошничка, а потоа да продолжите со плаќањето;

    • Ако сте нов клиент, Вие ќе имате можност да креирате Ваш профил на нашата интернет страница, или да продолжите со купување без креирање на профил.

    • Откако ќе се најавите, ќе морате да ја потврдите Вашата нарачка.

    • Доколку не се најавите преку Ваш профил на нашата интернет страница, во тој случај пред потврдување на нарачката од Вас ќе биде побарано да внесете информации неопходни за потврдување на Вашата нарачка. 

    • Пред да ја потврдите нарачката, Вие ќе имате можност да идентификувате дали има некакви грешки во податоците внесени од Ваша страна, преку увид во содржината на нарачката. Вие ќе можете да извршите исправка на ваквите грешки преку ажурирање на податоците во нарачката и надополнување на Вашите податоци;

    • Откако ќе ја потврдите Вашата нарачка, Вие ќе бидете трансферирани на друга интернет страница каде што ќе биде процесирано Вашето плаќање. Плаќањето ќе се реализира преку E-commerce терминал од Стопанска банка АД Скопје.

    • Откако плаќањето ќе се процесира, ние ќе Ви испратиме иницијално известување преку е-маил (адреса за е-пошта).

    • Веднаш откако ќе извршиме проверка дали Вашата нарачка може да се процесира, ние или ќе Ви испратиме преку е-маил (адреса за е-пошта) официјална потврда за нарачката (во кој момент Вашата нарачка ќе стане обврзувачки договор за двете страни), или пак ќе Ве известиме преку е-маил (адреса за е-пошта) дека нарачката не може да се процесира, при што ќе Ви биде вратен на сметка целокупниот износ кој сте го платиле.

    • Дополнително, Вие би можеле де бидете исконтактирани и преку телефон на контакт телефонот наведен во Вашата нарачка.

     

    Ние нема да Ви доставуваме примерок од овие Услови за онлајн купување посебно во врска со Вашата нарачка. Ние можеме да ја ажурираме оваа верзија на Услови за онлајн купување од време на време и не гарантираме дека верзијата со која сте се согласиле ќе остане достапна за увид на нашата интернет страница. Затоа, ние препорачуваме да ја преземете, испечатите и да задржите копија од овие Услови за онлајн купување за Ваша евиденција. 

    (4) Производи или услуги

    Сите наши производи и/или услуги презентирани на нашиот веб-сајт се достапни за онлајн купување. Сепак, некои производи и/или услуги може да не бидат достапни во моментот на процесирање на нарачката.

    (5) Цени и плаќање

    Цените за производите и/или услугите се дадени на нашата веб страница.

    Дополнително на цените за производите и/или услуги, Вие ќе бидете задолжени и со плаќање на испораката, што ќе биде истакнато одделно под цената за производот и/или услугата.

    Плаќањето мора да се направи по поднесување на Вашата нарачка. Ние може да ги задржиме производите доколку Вашето плаќање не е извршено во целост.

    Прикажаните цени на интернет страницата се со вклучен ДДВ.

    Плаќањето за сите производи и/или услуги мора да се направи со следење на инструкциите на веб страницата.

    www.storybox.mk го задржува правото да врши промена на цените во било кое време.

     

    (6) Начин на испорака

    Ние ќе организираме производите да се достават на адресата за испорака што е наведена во Вашата нарачка.

    Ние ќе вложиме разумни напори да ги испорачаме производите и/или услугите во рок на испорака наведени на самиот производ на нашата веб страна, сметано од нашата потврда на Вашата нарачка.

     

    (7) Ваши гаранции

    Вие ни гарантирате дека:

    (а) Вие сте правно способни за влегување во обврзувачки договори и имате целосно овластување, моќ и капацитет да се согласите со овие Услови за онлајн купување;

    (б) информациите наведени во Вашата нарачка се точни и целосни; и

    (в) Вие ќе бидете во можност да ја примите испорака на производите и/или услугите.

     

    (8) Виша сила

    „настан на виша сила“ значи:

    (а) секој настан кој е вон разумна контрола;

    (б) недостапноста на суровини, делови на производите; и/или

    (в) прекин на снабудувањето со електрична енергија, индустриски спорови со други лица, државна регулатива, пожари, поплави, катастрофи, граѓански немири, терористички напади или војна.

    Кога заради виша сила нема да успееме да ги извршиме своите обврски во согласност со овие Услови за онлајн купување, таквите обврски ќе бидат одложени за времетраењето на настанот на виша сила.

    Доколку ние станеме свесни за случај на виша сила која доведува до, или што е веројатно да предизвика, било неуспех или при извршување на нашите обврски во рамките на овие Услови за онлајн купување, ние ќе Ве известиме веднаш.

    Ние ќе преземеме разумни чекори за ублажување на последиците од кој било настан на виша сила.

    (9) Општи одредби

    Сликите на производите и/или услугите на нашата веб страница се само за илустративни цели; вистинските производи може да се разликуваат од таквите слики.

    Ние ќе ги третираме сите Ваши лични информации кои ги собираме во врска со Вашата нарачка во согласност со условите на нашата Политика за приватност.

    Ако некоја одредба од овие Услови за онлајн продажба се смета за неважечка или неприменлива од страна на надлежниот суд, останатите одредби ќе останат во полна сила и ефект, а таквата неважечка или неспроведлива одредба или дел од истата ќе се смета за неважечка.

    Овие услови за онлајн продажба го содржат целосниот договор и разбирање помеѓу страните во однос на купување на производи и/или услуги од нашата веб страница.

    Овие услови на продажба ќе бидaт регулирани со законите на Р. Македонија и надлежност да ги решава споровите што произлегуваат од или во врска со овие Услови за онлајн продажба има Основниот суд Скопје 2 Скопје.