Пребарување
Македонски
Сите категории
    Menu Close

    Чевли со висока потпетица МЕДЛИН (Розова-металик бр. 30) - Souza

    Бренд: Souza
    Шифра: 8718144586701
    Достапност: На залиха
    ден 2.990,00
    i h
    Бесплатна испорака
    Датум на испорака: 1-3 работни дена

    Чевлите со високи потпетици Медлин од холандската марка Souza! се убави, уметнички изработени чевли соодветни за носење со официјален фустан, или костим за принцеза, елф или самовила. Тие импресионираат со вниманието кон деталите. Изработени материјал налик на кожа, пријатен на допир, во розова боја. Се прицврстуваат со ременче со странична тока. Имаат заоблена, удобна, широка и ниска потпетица (4 см) и цветни украси - три на страната на чевлите и три на ременот. Чевлите имаат гумен ѓон, не се лизгаат, тивки се и не гребеат површини.
    Удобни се за носење и лесно се чистат со влажна крпа. Совршени се како додаток на облека за која било забава. 

    ● ● ●

    Влезете во волшебниот и колоритен свет на Souza, марка којашто е  синоним за фантазија и елеганција за малите авантуристи и сонувачи. Овде, секој костим, додаток или производ за разубавување, е отворена врата кон светот во којшто владее имагинацијата! Со своите ултра стилски производи, Souza го трансформира секој момент во магична авантура. Од нежните наметки и раскошните фустани па до волшебните додатоци, секое парче е комбинација на креативност и сјај. Без разлика дали се за роденден или само за забава, сите костими на Souza се внимателно дизајнирани и ве покануваат на патување во фантастичните светови на принцезите, змејовите, витезите, пиратите, диносаурусите... Костимите се дизајнирани да бидат удобни колку што се модерни и совршено се прилагодуваат на различни возрасти и големини. 

    0.0 0
    Напишете сопствен осврт Close
    • Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари
    *
    *
    • Лош
    • Одлично
    *
    *
    *