Пребарување
Македонски
Сите категории
    Menu Close

    Царевиот лудак

    Шифра: 9786082560090
    Достапност: На залиха
    ден 500,00
    i h
    Датум на испорака: 1-3 работни дена

    Во Царевиот лудак, ремек-дело на најпознатиот и најценетиот естонски книжевник од 20 век Јан Крос (1920-2007), го запознаваме Тимо вон Бок, вистинска историска личност од времето на Александар Ι, кого царот заради искреноста го протерал и го прогласил за луд. Имено, за да го исполни ветувањето кое му го дал на царот уште во детството – дека секогаш ќе му ја кажува вистината – тој горлив идеалист му испраќа писмо во кое го критикува неговото владеење, но тоа не е вистината која царот сака да ја чуе. Романот е пишуван во форма на дневник кој го води шурата на Тимо, а бројните алузии на советскиот режим и неодоливиот хумор на авторот придонеле за големата популарност на делото во Естонија, но и во светот, за што говори и податокот дека Царевиот лудак е преведено на дваесетина јазици и овенчано со бројни награди.


    Своите дела Крос ги пишувал за да ја надмудри цензурата, но фасцинацијата со неговиот опус на Запад само делумно произлегува од тоа. 
    Дорис Лесинг

    Спецификации на производот
    Број на страни 452
    Димензии на книгата 129 x 198 mm
    Година на издавање 2017
    ISBN 978-608-256-009-0
    0.0 0
    Напишете сопствен осврт Close
    • Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари
    *
    *
    • Лош
    • Одлично
    *
    *
    *