Сет со научни експерименти за деца, којшто го охрабрува научното размислување и раното STEM учење. Истражете ги неверојатните сили и откријте што е потребно за да направите нештата да се движат.
Содржи: дрвено бротче, делчиња за составување кола од дрво, илустрирани делови за кола направени од пења, 4 тркала, 3 осовини, 2 запченици, сламка, жица за жичарница (зиплајн), делчиња за ховеркрафт, топка од стиропор, 4 балони, копче, 2 ластичиња, жица, 2 падобранчиња, спојувалка за хартија, налепници, бележник и книга од 32 страни со комплетно опишани 13 забавни експерименти.
Оваа Научна лабораторија е дел од едицијата Истражи и откриј, којашто е добитник на 2019 Progressive Preschool Award for Best Preschool STEM Range.
Соодветно за деца над 6 години.
Се препорачува надзор од возрасен секогаш кога децата играат со оваа играчка.
Предупредување: Не е соодветно за деца помали од 3 години. Содржи ситни делови. Постои опасност од голтање и задушување.
Безбедност: Сите производи на Galt се тестирани според најстрогите стандарди за безбедност на играчките и ги задоволуваат сите регулативи на ЕУ.