Пребарување
Македонски
Сите категории
    Menu Close

    Ever Earth

    Нашата визија е да ги научиме родителите и децата повеќе за животната средина во којашто живееме. Затоа сакаме сите производи на EverEarth и целата наша деловна структура да се поврзува со идејата за одржливост. Нашите играчки се направени од одржливи материјали, FSC® (C106741) - сертифицирано дрво.EverEarth е посветена на зачувување на нашите шуми, а нејзините активности ја вклучуваат и кампањата „Засади дрво“. Нашиот тим работи на понатамошно развивање на структурата на нашата компанија и да ја направи позелена и поодржлива. За да се постигне оваа цел, ние користиме пакувања што се рециклираати коишто се направени од 80% рециклирана хартија, се грижиме испораката на играчките да е еколошка, се трудиме да ја користиме природната енергија на сонцето со помош на соларни ќелии, и многу многу повеќе. EverEarth сака да ги инспирира децата и родителите да бидат поблиску до природата, бидејќи одржливоста и еколошката свест не засегаат сите нас.

     

    Здравје

    Ние се грижиме за детското здравје. Затоа нашите играчки се направени исклучиво од одржливи, еколошки материјали. Тоа ни овозможува да се осигураме дека не се користат штетни хемикалии и ја гарантираме безбедноста на вашите деца. Исто така ние се стремиме да ја заштитиме мајката природа секој ден, и со години водиме кампањи да ги заштитиме нашите шуми.

     

    Семејство

    Најдоброто нешто кај семејството е да ја делиш љубовта, среќата и забавата. Затоа нашите играчки се фокусираат на овозможување на заеднички игри. Нашата цел е заедно да научиме за одржливоста, да направиме нешто заедно за да допринесеме за позелена околина, и да креираме убави спомени заедно.