Пребарување
Македонски
Сите категории
    Menu Close

    Ever Earth

    Нашата визија е да ги научиме родителите и децата повеќе за животната средина во којашто живееме. Затоа сакаме сите производи на EverEarth и целата наша деловна структура да се поврзува со идејата за одржливост. Нашите играчки се направени од одржливи материјали, FSC® (C106741) - сертифицирано дрво.EverEarth е посветена на зачувување на нашите шуми, а нејзините активности ја вклучуваат и кампањата „Засади дрво“. Нашиот тим работи на понатамошно развивање на структурата на нашата компанија и да ја направи позелена и поодржлива. За да се постигне оваа цел, ние користиме пакувања што се рециклираати коишто се направени од 80% рециклирана хартија, се грижиме испораката на играчките да е еколошка, се трудиме да ја користиме природната енергија на сонцето со помош на соларни ќелии, и многу многу повеќе. EverEarth сака да ги инспирира децата и родителите да бидат поблиску до природата, бидејќи одржливоста и еколошката свест не засегаат сите нас.

     

    Здравје

    Ние се грижиме за детското здравје. Затоа нашите играчки се направени исклучиво од одржливи, еколошки материјали. Тоа ни овозможува да се осигураме дека не се користат штетни хемикалии и ја гарантираме безбедноста на вашите деца. Исто така ние се стремиме да ја заштитиме мајката природа секој ден, и со години водиме кампањи да ги заштитиме нашите шуми.

     

    Семејство

    Најдоброто нешто кај семејството е да ја делиш љубовта, среќата и забавата. Затоа нашите играчки се фокусираат на овозможување на заеднички игри. Нашата цел е заедно да научиме за одржливоста, да направиме нешто заедно за да допринесеме за позелена околина, и да креираме убави спомени заедно.

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна
    Activity walker

    Activity walker

    Децата се маѓепсани од лавиринтот со перли, ксилофонот со чекан, четвороделната променлива сложувалка со животни, лавиринтот со клинче, сортирачот на форми од три дела, тркалачкиот пренос. Тркалата и скриениот простор за складирање со мрежа, ја прават оваа играчка многу практична.
    ден 5.390,00
    Слика на Велосипед од дрво (Ever Earth)
    50-piece building blocks

    50 парчиња од дрво во разни форми

    50 квалитетни мазни парчиња од дрво во различни големини, форми и бои можат да ја зголемат креативноста на вашето дете и умешноста да гради нешта коишто ќе ги замисли.
    ден 1.590,00
    Слика на Пајче за влечење, со јајце

    Пајче за влечење, со јајце

    Изгласана за една од 'Parents Best Toys', поради нејзината многустрана полезност и привлечност за играње. Ги учи децата за животните, додека истовремено вежбаат да ги состават формите. Погодна е и за вежбање на рамнотежа и одење.
    ден 990,00
    Слика на Воз од дрво со форми за сортирање

    Воз од дрво со форми за сортирање

    Преку играњето со оваа играчка децата ќе научат да ги распознаваат различните форми и како тие можат да бидат вклопени во една целина.
    ден 1.690,00
    Слика на Музички крокодил за влечење (Троделен)
    Слика на Сортирач на форми

    Сортирач на форми

    10 крупни дрвени блокови во различни форми и бои.
    ден 1.290,00
    Слика на Мојата прва коцка со активности (5-1)

    Мојата прва коцка со активности (5-1)

    Повеќефунционална играчка со 5 различни вида на активности.
    ден 3.290,00
    Слика на Дрвена играчка „Градина“ - 5 во 1
    Слика на Воз од дрво (Фарма)
    Слика на Еколошки град

    Еколошки град

    Овој сет содржи 50 парчиња. Децата можат да ја искористат својата имагинација за да го изградат својот еко град од соништата
    ден 3.190,00
    Слика на Воз од дрво “Осумка“